Студентскиот етно филмски фестивал „Етнофф 2“ денеска во Кинотека на Македонија

Во Кинотеката на Македонија денеска од 10 до 19 часот се одржува „Етнофф 2“ – Студентски етно филмски фестивал, организиран од Македонското студентско етнолошко-антрополошко друштво (МСЕАД).

Во рамки на фестивалот ќе има проекција на 15 студентски филмови.

Од обредите за прочистување во Индија, преку правата на жените во Непал, процесот на правење гонг во едно село на Јава, па до приказната за drag-queen сцената во Белград или претставувањето на дервишкиот ред руфаи од Македонија, овогодишната програма е разновидна во смисла на теми и пристапи, а организаторите потенцираат и многу квалитет. Влезот е бесплатен.

Целосната програма за „Етнофф 2“ може да се погледне ТУКА.

„Соларис“

„Франсилен: приказна за една кршачка на бабачу плодови“

„Молејќи се со стапалата“