Социјален експеримент на УНИЦЕФ: Колку би пешачеле за шише вода?

Во социјалниот експеримент на Фондот за деца при Обединетите Нации (УНИЦЕФ), необично, но доста сликовито е прикажан проблемот на недостиг на чиста вода за пиење со кој се соочуваат 2,4 милиони деца во Сомалија и како на тоа реагираат луѓето кои немаат такви проблеми во нивното секојдневие, уловени на скриена камера.

Во видеото од кампањата граѓаните се натерани да размислат колку би се „помачиле“ за едно шише вода… додека на самиот крај се предупредени и за сите заразни заболувања со кои децата во Сомалија се соочуваат пиејќи нечиста вода.

Според последниот заеднички извештај на УНИЦЕФ и Светската здравствена организација, 2,1 милијарди луѓе, или 3 од секои 10 луѓе на Земјата, немаат пристап до безбедна вода во своите домови, додека 6 од 10, или 4,5 милијарди немаат безбедна санитација.