Со кино-проекции под отворено небо, младинската организација „Биди зелен/Go Green“ ќе го одбележи Светскиот ден на млади, (12 август).
Во паркот на Франкофонијата, со почеток во 20 часот, ќе се одржи проекција на кратките филмови „Приказна на точак“ (Bike stories, 15 мин) и „Нозете на Амстердам“ (Legs of Amsterdam, 12 мин).
Настанот е организиран во рамките на проектот „Младински активизам за зелени општини вол.3”, имплементиран од Гоу Грин, финансиран од Канцеларијата на Фондацијата Хајнрик Боел во Сараево.