Серија настани за Недела на младите во Младинскиот центар Охрид од 7 до 11 август

Младинскиот центар Охрид (МЦО) за време на Неделата на млади организира серија настани во периодот од 7 до 11 август.

Па така, на 7 август ќе биде организирана работилница за младинско учество. Следниот ден е предвидена практична работилница за рециклирање и креативна работилница. За на 9 август е најавен настанот „Младински кругови“ кој се однесува на менталното здравје. На 10 август пак, најавена е еко-панел дискусија. За време на сите денови, најавена е и летна школа за гитара.

Главниот настан ќе се одржи на 11 август, за кога се најавени работилница за цртање на канвас, детска атлетика, забавни игри, изложба на фотографии на Нина Ангелоска, проекција на краткометражни филмови, како и музички настапи.

Младинскиот центар се наоѓа во просториите на комплексот Касарна.