Со три филмови на режисерки од Балканот, Кинотека на Македонија го одбележува 8-ми март

Со три долгометражни филмови во режија на жени-авторки од Балканот, Кинотека на Македонија и оваа година се вклучува во одбележување на 8-ми март со цел да им се оддаде почит и признание на жените филмски творци кои се сè повеќе на број во нашата средина и култура.

Програмата во продолжение:

8 март (четврток) 20.00 ч.
ВИКТОРИЈА
(VIKTORIA)

Игран филм, Бугарија
2014, 155 мин., колор, ДЦП

Режија: Маја Виткова (Maya Vitkova)
Сценарио: Маја Виткова (Maya Vitkova)
Улоги: Ирмена Чичкова, Дарија Виткова, Калина Виткова (Irmena Chichikova, Daria Vitkova, Kalina Vitkova)

Несакана од својата мајка, Викторија е родена без папочна врвка и не ѝ е потребна Борјана сè додека тешкотиите на животот не ги спојат заедно. Ова е приказна за три генерации жени и начинот на кој тие се жртви на државните идеологии и на генерацискиот јаз кој е тежок за премостување.

9 март (петок) 20.00 ч.

НЕПОСЛУШНИ
(NEPOSLUSNI/DISOBEDIENT)

Игран филм, Србија
2014,106 мин., колор, блуреј
Режија: Мина Џукиќ (Mina Djukic)
Сценарио: Мина Џукиќ (Mina Djukic)
Улоги: Хана Селимовиќ, Младен Совиљ, Данијел Сике (Hana Selimovic, Mladen Sovilj, Danijel Sike)

Како деца, Лени и Лазар се најдобри пријатели. Кога Лазар се враќа дома по низа патувања со цел да ја преболи смртта на татко му, Лени сака повторно да се поврзе со нејзината сродна душа од детството, но сè уште го чувствува бодежот на годините во кои биле разделени. Еден ден, со цел да ги избегне одговорностите што ги носи животот, заедно со Лазар одат на непланирано возење со велосипеди во сончевата околина. Додека тие уживаат во нивните напади на непослушност, Лени мора да одлучи дали нивниот заеднички вкус за белји е доволен темел врз кој можат да изградат заеднички живот.

10 март (сабота) 20.00 ч.

НЕКОИ НОВИ ПРИКАЗНИ
(SOME OTHER STORIES)

Игран филм, Хрватска
2010, 110 мин., колор, 35 мм
Режија: Марија Џиџева, Ана Марија Роси, Хана А.В. Слак, Инес Тановиќ, Ивона Јука
Сценарио: Ѓорче Ставрески, Вардан Тозија, Ана Марија Роси, Винко Модерндорфер, Инес Тановиќ, Доротеа Вуќиќ
Улоги: Славиша Кајевски, Горан Богдан, Сергеј Трифуновиќ, Луција Шербеџија

Некои поинакви приказни е омнибус составен од пет различни приказни со ист тематски круг снимени од пет режисерки. Темата е мајчинството и комплексните одлуки со кои се соочува една бремена жена. Секоја од петте приказни содржи детали што ја откриваат природата на актуелните политички и општествени настани.