„Смени го невремето“ – поетско читање во „Буква“

Насловено „Смени го невремето“, вечерва, на 26 март, ќе се одржи поетско читање во кафулето „Буква“.

Со почеток во 20 и 30 часот, поезија ќе читаат четири поетеси, Ана Голејшка Џикоца, Биљана Стојановска, Снежана Стојчевска и Д.А. Лори,

„Смени го невремето. Пробај. Седни. Тргни кон зборот. Така и ние. Четири жени што сакаат да си кажат нешта низ поезија. Своја, туѓа, сечија“, велат организаторките.

Кафе-книжарницата „Буква“ се наоѓа во центарот на Скопје, а често организира културни настани од секаков вид.