Словенија е трета земја во Европа по рециклирање

Словенија во текот на 2015 година рециклираше 54,1 отсто од отпадот, со што стана трета земја во Европа, покажуваат последните податоци на Евростат.

Германија е европски лидер во рециклирање на 66,1 отсто од отпадот, додека на второ место е Австрија со 56 отсто. Германија, според европските статистички податоци, има највисока стапка на рециклирање почнувајќи од 2005 година. Зад Словенија е Белгија со 53,4 отсто рециклиран отпад, а потоа следат Швајцарија (52,7%) и Холандија (51,7%). На дното на листата е Црна Гора, која во 2015 година рециклираше само 5,4 отсто од создадениот отпад.

Во текот на 2010 година, Словенија имаше стапка на рециклирање на отпадот од 22 отсто, а две години подоцна се регистрирани 42. Во 2014 година, Љубљана беше првата европска престолнина што ја усвои програмата за „нула отпад“.

Најголем отпад по жител генерираат Данците (789 килограми), нив ги следат жителите на Швајцарија со 725 килограми, а трети се Турците со 638 килограми отпад.

Целта на Европската Унија е државите-членки да рециклираат повеќе од половина од нивниот отпад до 2020 година. Досега, само шест држави успеале во тоа.