Слики од „8-бита“ инспирирани од познати уметнички дела и икони на поп културата

Adam Lister прави пародии на познати уметнички дела со водени бои, кои изгледаат како 8-битна футуристичка уметност.

Освен што прави пародии на познати слики во овој речиси кубистички стил, Lister слика и портрети од познати икони на поп културата, како Eminem, Popeye и Darth Vader.

Изминатиот септември, Lister имал изложба во Сан Франциско наречена Elucidation. На оваа изложба биле вклучени многу од неговите дела со регуларна величина, како и неколку минијатурни слики.

 

Извор: Colossal