„Селектирај иднина“ – акција за чистење на Скопје

Бројот на локации од ѓубришта кои го „разубавуваат“ Скопје станува сè поголем. Токму поради тоа, Друштвото за управување со пакување и отпад од пакување Пакомак организира акција за чистење на Скопје Север оваа сабота.

„Колективната свест е спуштена на доволно ниско ниво за да направи од нас роботи кои минуваат покрај отпадоци и не превземаaт ништо. Редовната појава на нечистотија и неодговорност кај нас создаде слепило кое не дозволува да го замислиме Скопје во една поубава форма“, забележуваат од друштвото.

Затоа, првата акција започнува во сабота (14 октомври), од 11 часот.

„Промената почнува од нас самите, затоа да излеземе од удобноста на нашите домови и да бидеме тие кои ја прават промената. Да бидеме пример за останатите, пример за нашите деца, внуци, најмлади“, стои во повикот.