Сексуалното образование ќе стане задолжително во училиштата во Ирска

Лекциите за љубовни врски и сексуално образование ќе бидат задолжителни за учениците од 15 до 18 години во училиштата во Република Ирска.

Ваквиот потег е планиран како дел од промените за социјално, лично и здравствено образование за средношколците. Програмата ќе биде составена од лекции кои целосно ќе ги вклучуваат ЛГБТИ+ идентитетите, врските и семејствата.

Владата на Ирска уште во 2018 година нареди да се прегледа програмата за сексуалното образование. Оттогаш се воведоа промени во програмите за сите одделенија во основно образование. Како резултат на овие прегледи, најново се ажурира наставната програма за средношколците.

Според планираните измени во програмата на Владата, учениците во средно образование ќе имаат настава по сексуално образование еден час во неделата. Односно, тие ќе учат лекции за здравје и благосостојба, врски и сексуалност и за влегувањето во „светот на возрасните“. Лекциите на врски и сексуалност ќе ги учат средношколците за негување на здрави односи со почит и грижа.

Меѓу темите ќе биде опфатено согласност, интимност и заемно задоволство во љубовна врска и како да се идентификува насилна или навредлива врска. Исто така тука ќе биде вклучена тема со посебен фокус на насилството што се врши врз жените и девојките.

Учениците ќе учат и за безбеден секс, како да реагираат на непланирана бременост и пристап до услуги за сексуално здравје. Дополнително, тие ќе учат за тоа како штетните коментари околу родот се овековечуваат во медиумите, онлајн и во општеството и како да се спротивстават на тоа.

Консултациите за новата наставна програма ќе траат до октомври.

Католичките бискупи претходно одобрија посебни часови за сексуално образование во основните училишта во Република Ирска и Северна Ирска.

Во меѓувреме во Северна Ирска средношколците од јануари 2024 година задолжително ќе учат и за пристапот до абортус и заштитата од рана бременост. Тоа доаѓа по одлуката на секретарот на Северна Ирска кој скоро постави нови правила во Парламентот за сексуалното образование. За ова имаше неколку критики, а неговиот потег наиде и на критики од претставници од Протестантската и Католичката црква.