„Само ‘да’ значи ‘да’“: Шпанија во процес за воведување на нов закон за сексуална согласност

Сенатот на Шпанија одобри нов закон кој бара експлицитно изразување на согласност во сексуалните односи, пренесува „Еуроњуз“.

Според законот, согласниот секс сега ќе значи усен договор меѓу партнерите, наместо молчење од едната страна. Исто така, со законот ќе го прошири значењето на стандардниот термин „силување“, надвор од рамките на насилен инцидент или заплашување.

Законот кој популарно е насловен „Само да значи да“, беше поддржан од шпанскиот парламент во мај.

Тој беше предложен од страна на социјалистичката влада на земјата, откако групниот инцидент на силување „Ла Манада“ („Волчица“) од 2016 година предизвика масовни протести.

Во случајот, петмина мажи се прогласени за виновни за сексуално злоставување, но не и силување на осумнаесетгодишна девојка во несвест, бидејќи не можела да докаже дека не дала согласност.

Врховниот суд на Шпанија подоцна ги отфрли судските пресуди на два пониски судови во земјата и ги осуди петтемина обвинети на 15 години затвор за силување.

Пратениците од опозициската конзервативна „Народна партија“ и екстремно десничарската партија „Вокс“ гласаа против законот.

Изменетиот нацрт-закон сега се враќа во шпанскиот парламент на конечно гласање пред да стане закон.