„Сакаме соларна енергија“ – панел-дискусија во „Никола Карев“

Во надворешниот амфитеатар на гимназијата „Никола Карев“ на 15 октомври од 11 часот ќе се одржи панел-дискусија „Сакаме соларна енергија“ во организација на Здружението за одржлив развој и заштита на животната средина Гоу Грин“ Скопје.

Според „Гоу Грин“, целта на настанот е да се зборува за образованието за климатски промени – неговата застапеност во основното образование и можностите за негова подлабока интеграција, понатаму за енергетската ефикасност на училиштата и нивниот јаглероден отпечаток.

„Воедно и да го презентираме анимациското видео кое има за цел презентирање на алактата за пресметка на јаглеродниот отпечаток на училиштата. Вашиот придонес на дискуијата ќе биде од исклучително значење“, велат од „Гоу Грин“.

Говорница на настанот ќе бидат Моника Накова- дипломиран електроинжер по електротехника и информациски технологии, Мила Јовановска – истражувач на пороектот „Младите за образование за климатски промени и чист воздух“ и Димитар Низамовски – претставник од МОФ.

Бројот на места е ограничен, пријавувањето е vafire@bidizelen.org со назнака ЗА УЧЕСТВО НА ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА.