Робот кој личи на Алберт Ајнштајн предава физика и решава математички проблеми

„Професор Ајнштајн“ е хуманоиден робот кој се поврзува на Wi-Fi мрежа. Роботот е создаден за да го олесни учењето, а „предава“ физика и хемија и решава математички проблеми. Роботот е подесен и да дава известувања за климатската состојба и метеоролошки вести.

Ајнштајн има повеќе од 50 изрази на лицето. Активностите кои може да ги извршува се подесуваат со апликација наречена Stein-O-Matic.

Неговите изумители се обидуваат да го зголемат коефициентот на интелигенција на роботот, преку неговата интеракција со луѓето.

Креатори на роботот се Hanson Robots, а го претставија своето дело пред јавноста на CES конференцијата на почетокот на јануари.