Речиси 90 посто од новото произвоство на струја во Европа во 2016 е со обновливи извори

Обновливите енергетски извори сочинувале речиси девет десетини од новата струја произведена во 2016 година во Европа. Ова е прв пат европскиот континент да произведе толкава количина на „чиста“ струја, а е веројатно ефект на Парискиот договор потпишан во 2015 година.

Но, индустриските лидери велат дека се загрижени за недостатокот на политичка поддршка после 2020 година, кога обврзувачките договори на ЕУ за производство на обновлива енергија завршуваат.

Од вкупно 24,5 гигавати од новиот енергетски капацитет во ЕУ во 2016 година, 21,1 гигават бил произведен од ветер, соларна енергија, биомаса или хидроенергија. Со тоа се надминал претходниот рекорд во користење на обновливи ресурси – 79 посто во 2014 година.

За прв пат, ветерните фарми се должни за повеќе од половина од генерираната струја, покажуваат податоците од европското тело за трговија со струја, WindEurope. Струјата произведена од ветер го зема второто место од јагленот, а сега е најупотребуван начин за генерирање енергија после гасот.

Германија поставила најголем број на нови ветерни фарми во 2016, а Франција, Холандија, Ирска и Литванија сите поставиле нови рекорди за генерирана струја од ветер.