„Птичариме во парк“ – Бесплатни тури на Македонско еколошко друштво

По повод Светскиот ден на миграторни птици, Македонското еколошко друштво (МЕД) на 13 мај во 11 часот ќе организира бесплатни тури низ Градскиот парк во Скопје.

Од МЕД посочуваат дека настанот е одлична можност за граѓаните да се запознаат со „пердувестите посетители“.

Собирното место е кафулето „Централ парк“, а иако бројот на учесници поради ограничениот број двогледи веќе е пополнет, организаторите на сите заинтересирани им порачуваат да ги контактираат на и-мејл адресата nakev@mes.org.mk, за да бидат известени доколку се ослободи место.