Промоција на збирката раскази „Зошто ме тргаш од ѕвездите“ на Леонардо Змајшек

Збирката од осум раскази од Леонардо Змајшек – „Зошто ме тргаш од ѕвездите?‘‘, ќе биде промовирана во петок, на 11 ноември, во читалната на СУГС ,,Орце Николов‘‘ во Скопје.

Со почеток од 19 часот, за делото ќе говорат новинарката и критичарка Александра Јуруковка, дизајнерот Итан Георгиевски и авторот Змајшек.

,,Неговата книга и емо­тивниот вртлог во неа, за повозрасните читатели може да биде и силна шлаканица или одговор на прашањето ­каков свет им оставаме на нашите деца?” пишува рецензентот Јуруковска.

Змајшек е средношколец и млад активист, а воедно и двократен национален дебатен првак, награден на Model United Nations New York 2022. Ова е негово прво издадено дело.