Програмата за театарскиот Скупи фестивал 2017

Единаесеттото издание на Меѓународниот театарски Скупи фестивал 2017, ќе се одржува од 12 до 18 октомври, во Сули Ан и Младински Културен Центар. Пораката на овогодинешниот фестивал е дека со гледањето по една претстава на ден ќе ја подигнеме духовноста.

Преку својата програма фестивалот нуди поглед кон современи светски културни текови преку прикажување на иновативни и прогресивни претстави, како во театарскиот израз така и во способноста да поттикнат критичко размислување кон општествените и социјалните предизвици. Оваа година на фестивалот ќе гостуваат театарски групи од Албанија, Русија, Косово, Израел, Србија, Иран и Бугарија.

Целата програма проследете ја во продолжение: 

12.10.2017 20: 00 – Сули Ан – Стара Чаршија

ТЕАТАР „АНДОН ЧАЈУПИ“ – КОРЧА, АЛБАНИЈА

„КУЌАТА НА БЕРНАРДА АЛБА“

Претставата „Куќата на Бернарда Алба“на Фредерико Гарсија Лорка е спектакл на отворено. Ова е единствениот перформанс на фестивалот што ќе се одржи во неконвенционален простор. Се потрудивме приказната да ја адаптираме на местото на дејствието,со цел публиката полесно да се соживее и да ја доживее како блиска. Посетителите ќе имаат можност да ја следат претставата во автентичен амбиент и да се почуствуваат како навистина да се наоѓаат во куќата на Бернарда Алба.

 13.10.2017 20: 00  – MКЦ – Сала Фросина

ТЕАТАР „У МОСТА“- ПЕРМ, РУСИЈА

„ЅВЕРОТ“

Оваа неверојатна претстава на театарот „У Моста“стана легендарна, бидејќи предизвика огромен одзив, испровоцира бура од спротиставени чувства и го направи театарот популарен во Русија и во странство. Дејствието се одвива во урнатините на исчезнатата цивилизација. Татко, Мајка и нивната Ќерка се единствените преживеани на Земјата. Тие лутаат низ пустината, изгорени од атомската катастрофа, во потрага по други луѓе за да го спасат животот во Универзумот. И покрај морничавата атмосфера на животот после светскиот Армагедон, претставата остава чувство на светлина и катарза.

 4.10.2017 20: 00 – MКЦ – Сала Фросина

ГРАДСКИ ТЕАТАР ЃАКОВИЦА – ЃАКОВИЦА, KОСОВО

„МАЧЕНИК“

Контрoверзната драма “Маченик” од германскиот драматург Мариус Вон Мајенбург не воведува во животот на младиот Бенџамин Синклер. Тој го претставува католичкиот фундаментализам, отежнувајќиим го животот на тие што го опкружуваат. Како темпирана бомба, приказната ја возбудува публиката, но истовремено освојува прикажувајќи колку е збунувачки современиот свет со неизбежниот притисок да се биде политички коректен, толерантен и без предрасуди,отпочнувајќи една бескрајна дебата за религијата,догмата и науката.

10.2017 20: 00 – MКЦ – Сала Фросина

СОЛО УМЕТНИК – ТЕЛ АВИВ, ИЗРАЕЛ

„ПУШИ КАКО МАЖ“

„Пуши како mаж“ е монодрама инспирирана од животот на Фрида Кало. Овој физички театарски перформанс открива аспекти од животот на една комплексна,независна и бунтовна жена. Жена која ги прекршува кодексите на општествените норми, се соочува со прашањата на идентитетот и половите разлики, од политиката до уметноста, храбро го поплочува патот за многу жени во годините кои ќе дојдат. Веднаш откако докторите ја известуваат дека нејзината нога ќе мора да биде отсечена, Фрида бега во нејзината соба и се заклучува во неа. Минувајќи низ физичката болка и емоционална бура, чувствуваjќи се како ѕидовите на собата да се стеснуваат,заканувајќи се да ја згмечат додека докторите тропаат на нејзината врата, Фрида умствено бега на пат кон справување со нејзиното болно тело и општествените норми со кои била израсната.

 6.10.2017 20: 00 – MКЦ – Сала Фросина

ЦЕНТАР ЗА КУЛТУРНА ДЕКОНТАМИНАЦИЈА – БЕЛГРАД, СРБИЈА

„ВИЗИИ ОД СРЕБРЕНИОТ ВЕК“

„Визии од сребрениот век“e приказна за незамисливото; Фатима им припаѓа на преживеаните, додека нејзиниот маж и син, како и многу други, не. Воените профитери не дозволуваат војната да заврши. Мировните трупи немо набљудуваат. Нема помош за жртвите. Тие стануваат недопирливи во сопствената осаменост. Театарот не мора да се бави со политика и најверојатно нема да може да понуди решение. Но може и треба да поставува прашања за луѓето кои се вмешани во историските случувања, за оние кои преживеале и кои морада продолжат да живеат со товарот на преживеаното.

17.10.2017 20:00 – MКЦ – Сала Фросина

ЈИРЈИРАК ТЕАТАРСКА КОМПАНИЈА – ТЕХЕРАН, ИРАН

“ЗБОРУВАЈ МЕДЕА”

“Зборувај Медеа” е збир на различни впечатоци и мислења за „Медеа“, како што ние ја знаеме. Ова е приказна за моќна жена, која се чувствува запоставена и неподдржана. Во нејзината осаменост, таа ја насочува својата одмазда кон сопругот и мажите во нејзиното општество, што ги прави нејзините страдања слични како оние на Прометеј. Оваа претстава им изразува почит на сите жени низ времето кои страдале од угнетување и нељубезност.

 18.10.2017 20:00 – MКЦ – Сала Фросина

НАЦИОНАЛЕН ТЕАТАР ,, ИВАН ВАЗОВ “ – СОФИЈА, БУГАРИЈА

„СЛУГИНКИТЕ“

Соланж и Клер се две слугинки кои создаваат елаборирани садомазохистички ритуали во отсуство на нивната газдарица (Мадам). Фокусот на нивната актерска игра е убиството на Мадам и тие се менуваат прикажувајќи ги обете страни на поделбата на моќта. Нивниот одмерен ритам и посветеноста на деталите се гаранција дека тие никогаш не ќе успеат да ги актуелизираат нивните фантазии свечено „убивајќи“ја Мадам во ритуалниот расплет.