Принцезата Кејт Мидлтон соопшти дека е во рана фаза на лекување од рак

Принцезата од Велс, Кетрин Мидлтон преку емотивно видео објави дека се лекува од рак.

Таа започнала со хемотерапија во февруари.

„Во јануари имав операција, но тогаш не знаевме дека имам рак. Опреацијата беше успешна, но тестовите по неа покажаа дека имам рак. Лекарите ме советуваа да почнам со хемотерапија и сега сум во рана фаза на лекување“, рече принцезата во видеото.

Таа додаде дека ова се неверојатно тешки неколку месеци за целото семејство, но и дека прават се’ што можат за поголема приватност.

Од палатата Кесингтон не кажаа за каков вид рак се работи, но изразија уверување дека принцезата брзо ќе оздрави.

Бакингемската палата повика на приватност и со тоа сака да повлече линија под медиумската бура изминатите недели, кога разни медиуми пишуваа секакви шпекулации за принцезата и кралското семејство.

Сознанијата за медицинската состојба на принцезата следуваат еден месец откако Палатата соопшти дека на Кралот Чарлс му е дијагностициран рак.