Примирје во Сирија – Владата и бунтовниците постигнаа договор, потврди Путин

Рускиот претседател Владимир Путин соопшти дека сириската влада и групите бунтовници се согласиле на примирје и почеток на мировни преговори. Прекинот на бробата треба да стапи на сила вечерва на полноќ по сириско време.

Претходно турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изјави дека Турција и Русија ќе го гарантираат мировниот план. Овие две држави ги поддржуваат спротиставените страни во конфликтот, кој трае повеќе од пет години.

Примирјето не се однесува на двете од најголемите џихадистички групи во Сирија, информирале извори од Турција за ББЦ.

Претходно, овој месец, Москва и Анкара посредуваа во примирје во вториот град по големина во Сирија, Алепо, што доведе до илјадници борци од бунтовничките сили и цивили да бидат евакуирани од градот под опсада на владините сили.

Претходните иницијативи за примирје оваа година во кој посредуваа Обединетите нации или Соединетите Американски Држави и Русија, немаа подолгорочен успех.