Предавање во МАНУ: Етичката криза на човештвото и на цивилизациите

Универзитетот „Евро-Балкан“ и Филозофското друштво на Македонија во соработка со Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ),oрганизираат предавање на проф. д-р Џулијано ди Бернардо (Guiliano Di Bernardo) од Универзитетот Тренто (Италија). Темата на предавањето е извонредно актуелна: „Етичката криза на човештвото и на цивилизациите“.

Професорот Џулијано ди Бернардо (1939) е познат италијански филозоф, социолог и општествен активист. Во академска смисла има значајни придонеси во областа на истражувањата на деонтичката логика и методологијата на социјалните науки. Најпознати дела: „Вовед во логиката на нормативните системи“ (1972), „Истражувања на социјалниот свет“ (1979), „Филозофија на масонството“ (1987), „Човечкото знаење. Од физика до социологија и религија“ (2010).

Предавањето ќе се одржи во Амфиатетарот на МАНУ на 15 јануари (понеделник) со почеток во 11 часот.