Повик за учество во актерска работилница со германскиот актер и режисер Улрих Мејер-Хорш

Улрих Мејер-Хорш, германски актер и режисер, кој има предавано низ Европа, Русија, Ерменија, Бразил, Јапонија, Уругвај, САД, во октомври доаѓа во Скопје. Во рамките на проектот „Мајсторски работилници по актерска игра и театарска режија“ во Кино Култура, а во организација на Театарот на Навигаторот Цветко, Мејер-Хорш ќе одржи четиридневна работилница за професионални актери и студенти по актерска игра од втора, трета и четврта година.

Учеството во овие работилници вообичаено се наплаќа, но македонските актери и студенти ќе имаат можност да присуствуваат бесплатно.

Модулот кој се обработува на работилницата е насловен „Актерството од вашата имагинација“, а начинот за пријавување е преку испраќање на видео поставено на YouTube, не подолго од една минута, со одговор на прашањето „зошто сакам да бидам дел од работилницата“, на англиски јазик. Меилот на кој треба да се достави линкот од видеото е mihailcehovskopje@gmail.com , a рокот за пријавуавње е до 3 октомври, 12.00 часот на пладне.

Работилницата ќе се одржи од 12 до 15 октомври, од 10:15 до 17:00 часот.

Првата работилница која се одржа во рамките на истиот проект, беше насловена како „Креативен процес“, под водство на словенечкиот режисер Томи Јанежиќ, со наслов „Креативен процес“ и траеше два дена.