Повик за учество на второто издание на „Центар за Интердисциплинарни Активности“

Второто издание на „Центар за Интердисциплинарни Активности“  ќе се одржи од 15-18 јуни во с.Растојца, Демир Хисар. Учесниците ќе имаат можност да креираат и бидат дел од програма исполнета со: работилници, мастер класови, филмски проекции, музички настапи, активности во природа и останати несекојдневни искуства.

Учеството на настанот е бесплатно. Организаторот обезбедува храна за целиот престој на учесниците и превоз од Битола или Демир Хисар до локацијата на настанот. Местата се ограничени и организаторот го задржува правото да ги исконтактира само селектираните учесници.

Заинтересираните за учество треба да го пополнат формуларот достапен на следниов ЛИНК.

Настанот е организиран од Опиум филм“ со поддршка од Министерство за култура и Витаминка. Во соработка со Beach Film Festival Ohrid, Кинотека на Македонија Кино Балкан, Macedonian Festival for Alternative Photography – Zrno. Повикот е отворен до 20 мај 2023.

За повеќе информации може да се обратите на: iacentarmk@gmail.com.