Повик за студенти на БЕСТ Хакатон 2023

Студентската организација Борд на европски студенти на технологија (БЕСТ Скопје) на 24 декември за првпат организира хакатон за студенти.

БЕСТ Скопје го организира хакатонот со помош на партнер компанијата IT Labs, која ќе ги дава задачите. Организаторите велат дека ова е можност на студентите да се поврзат со партнер компанијата и да си обезбедат знаења за идни пракси или пат на кариера.

„Хакатон е возбудлив настан кој за прв пат се организира од страна на БЕСТ Скопје. Тоа е прослава на креативноста, тимската работа и иновативноста. За време на овој настан, студенти од различни области се здружуваат за да соработуваат, учат и создаваат влијателни решенија за проблемите од реалниот свет. На Хакатонот ја нагласуваме моќта на учењето. Со фокус на технологијата и личниот развој, имаме за цел да ги поврземе студентите, инспирирајќи ги да го достигнат својот целосен потенцијал“, велат од БЕСТ Скопје.

Организаторите велат дека натпреварувањето ќе биде во тимови од 3 до 5 студенти. Заинтересираните можат да се пријават во тим или пак самостојно, а подоцна би им бил доделен тим.

Пријавата на хакатонот може да се направи на следниот ЛИНК.

Повеќе информации за настанот може да најдете на социјалните мрежи на БЕСТ Скопје, на Фејсбук, Инстаграм и Линкедин.