Повик за нови подкасти и водители на Радио МОФ

Радио МОФ и оваа година го објави повикот за нови подкасти и водители на онлајн радиото.

Ова е супер можност за оние кои можат да зборуваат „со саати“ на некоја тема, а бараат платформа. Онлајн етерот на Радио МОФ е токму тоа место за сите доволно храбри и желни да имаат своја радио емисија.

Обврски на авторите на новите подкасти:

-Подкастот треба да биде ваше авторско дело;
-Ангажманот околу истиот ќе биде ваш волонтерски труд;
-Ваша обврска ќе биде подготвувањето содржина и водењето на подкастот.

Радио МОФ ќе обезбеди:

-техничка поддршка за снимањата;
-помош при осмислувањето на содржините;
-промоција на подкастот.

Избери своја тема од интерес без разлика дали тоа е поврзано со технологија, екологија, спорт, музика, гејминг, филмови или општествена критика…

Одговори ги прашањата на следниов ЛИНК и подготви се за „аудицијата“ во студиото на Радио МОФ.

Повикот е отворен 31 октомври.