Снимајте подкасти на Радио МОФ – повик за водители

Нова сезона, нови аудио подкасти, нови дружби и нов зрак во етерот! За сите оние млади луѓе кои имаат желба да пренесат нови знаења и искуства за своето хоби, за музиката што ја слушаат, за настаните кои ги организираат и посетуваат, оние кои не престануваат да зборат, но знаат да слушаат и за сите оние кои храбро би седнале зад микрофонот во студио, Радио МОФ отвори повик за нови радио подкасти и водители!

Темата на подкастот ја избирате вие! Дајте ни увид во твоите интереси, без разлика дали тие се за технологија, екологија, спорт, музика, општествена критика или пак филмови. Бараме подкасти со стимулативна енергија кои ќе не разбудат, расположат и замислат!

Обврски на авторите на новите подкасти:

-Подкастот треба да биде ваше авторско дело;
-Ангажманот околу истиот ќе биде ваш волонтерски труд;
-Ваша обврска ќе биде спремањето содржина и водењето на подкастот.

Радио МОФ ќе обезбеди:
-техничка поддршка за снимањата;
-помош при осмислувањето на содржините;
-промоција на подкастот.

Пријавените кандидати ќе бидат повикани на интервју и „аудиција“, а за избраните ќе биде организирана и мини обука. Повикот за емисии на Радио МОФ е отворен за сите млади луѓе, по возраст и дух, а пријавувањето се врши со пополнување на формуларот на овој ЛИНК.

Краен рок за испраќање на апликациите е до 18 декември, недела, 2022 година.

Ние во Радио МОФ не веруваме во цензура и табу, само во слободна аргументирана мисла и затоа сакаме да чуеме за твојата идеја за подкаст и да помогнеме таа успешно да биде реализирана.

Нека биде креативна, интересна и смела!