Работилница „Социјално претприемништво од А до Ш со design thinking примери“

„АРНО“, во рамки на проектот RISE (Regional Incubator for Social Enterprises) објави повик за млади луѓе од 18 до 35 години за учество на работилницата „Социјално претприемништво од А до Ш со design thinking примери“ која ќе се одржи онлајн преку платформата „Зум“. Предавањето ќе се одржи утре, 22 септември од 18 фо 19 и 30 часот. ж

„Работилницита е наменета за сите кои се спремни на нови креативни предизвици и заинтересирани за запознавање со концептот на социјалното претприемништво, како и основите на Design Thinking методологијата, преку конкретни примери. Целта на оваа работилница е да им помогнеме на младите луѓе кои имаат бизнис идеја да добијат инспирација од успешни примери, а воедно и да дознаат за можностите и програмите кои се нудат во нашата држава“, велат оттаму.

Од „АРНО“ информираат дека работилницата  е наменска и се спроведува со цел да се подготват заинтересираните млади кои сакаат да аплицираат на повикот од RISE програмата, кој е отворен до 26 септември.