„Пасија – смртта умира“ – изложба на Никола Пијанманов во галерија „Метаноја“

Во 18 часот, вечерва (10 декември) во галеријата „Метаноја“ се отвора изложбата „Пасија – смртта умира“ на Никола Пијанманов. Тематски изложените слики се креативно толкување на страдањата на Исус Христос и се пропратени со неколку други секвенции од неговиот живот, се вели во најавата за настанот.

„Ќе бидат поставени 25 слики работени последните неколку години. Сликите во оваа поставка формираат една композициска целина. Некои од сликите се создадени според обликот и димензиите на самиот простор. Компарацијата на поставката во овој простор е со онаа од ранохристијанските слики и симболи во катакомбите“, се вели во најавата.

Рецензенти на изложбата се Коста Милков и Отец Климент од Зрзе.

Авторот на изложбата Пијанманов е роден во Струмица во 1981 година. Завшрил Средно уметничко училиште и Факултет за ликовни уметности во Скопје, и неколку години работел во ателјето на Владимир Георгиевски. Пијанманов реализирал осум самостојни изложби и повеќе групни, во земјава и во странство.