Починал морски лав во Зоо Скопје, причините сѐ уште непознати

Зоолошката градина Скопје известува дека денес во утринските часови починал еден од двата морски лавови, кои биле донесени тука од Зоо Загреб.

Од зоолошката велат дека не им се познати причините за смртта на животното. Сугерираат дека можеби станува збор за последица на ниските температури и временските услови.

Морскиот лав е даден на обдукција на Факултетот за ветеринарна медицина. По добивањето на резултатите од обдукцијата, велат, подетално ќе го информираат печатот.

Неодамна во Зоо Скопје почина и мајмунчето Дино, како последица од тепачка со друг мајмун во градината. Од Зоолошката градина некое време ја криеа смртта на мајмунчето, а после пријава за несоодветен третман и грижа од страна на Анима Мунди, одговорија дека се работоти за „обвинувања и шпекулации“. Од Здружението за заштита на животни пак, најавија пријава до ЗОО Скопје, прашувајќи зошто досега молчеле.