„Петрунија“ со награда за најдобро сценарио на Филмскиот фестивал „Евроазија“

 
„Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на Теона Стругар Митевска продолжува да освојува награди. На штотуку завршениот 15 филмски фестивал Евроазија во Казахстан филмот ја освои наградата за најдобро сценарио, за сценаристите на филмот Елма Татарагиќ и Теона Стругар Митевска.
„Петрунија“ победи во конкуренција на врвни филмски достигнувања, меѓу која беше и побединкот од Кан, кореанскиот „Паразит”.

Во месец јули „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ ќе биде прикажан на седум фестивали, а ќе започне и кино дистибуцијата на филмот во Кина. 

„Петрунија” за половина година веќе освои шест награди и ќе биде дистрибуиран во над 35 земји низ целиот свет. Во моментов сè уште се прикажува во киносалите низ Франција и Швајцарија веќе дванаесета недела, а веќе е прикажан и на триесетина фестивали.