Паметен чадор предупредува пред да заврне

Често се случува луѓето да купуваат евтини чадори, кои после неколку употреби, се расипуваат. Токму ова е мотивот за еден француски стартап „Везу“, кој со помош на апликација за паметни телефони ги предупредува корисниците од можни врнежи.

Апликацијата предупредува и кога корисникот е во близина на својот дом, па испраќа известување за лицето да се врати до својот дом и да го земи чадорот. Проектот започна уште минатата година како онлајн кампања на Кикстартер.

Чадорот во својата рачка има вграден чип што ги распознава температурите и влажноста на воздухот во областа каде се наоѓа лицето.

Официјално компанијата ќе започне со дистрибуција на чадорите во март, откако ќе заврши кампањата и на ИндиГого.

Извршниот директор на стартапот, Клемент Гијо, во изјава за Машабл вели дека компанијата се уште работи на тежината и материјалот на чадорот, но дека во следните недели ќе има конечна верзија. Чадорот доаѓа во три нијанси, сјајна, црна и бела, а првичната цена е 79 долари.