Отворен ден на Советот за етика во медиумите со јавна седница и панел-дискусија

Во организација на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), денеска во „Јавна соба“ ќе се одржи отворен ден на Советот со отворена седница на Комисијата за жалби, а продолжува со панел – дискусија, на која ќе учествуваат и претставници на советите за етика од Холандија и Белгија.

На панел дискусијата, која ќе ја модерира извршната директорка на СЕММ, Марина Тунева, за „Улогата на советите за етика во одговорноста и транспарентноста на медиумите“ ќе говори професорот Хуб Еверс, од Совет за етика во Холандија.

За саморегулацијата во Македонија и досегашните искуства и предизвици“ свое обраќање ќе има претседателот за жалби при СЕММ, Мирче Адамчевски, а за „Саморегулацијата како алтернатива за маркетингот во медиумите“, ќе зборува Жан-Жак Жесперс, од Школата за новинарство на Универзитетот во Брисел.

Во однос на саморегулација наспроти регулација како и придобивки и значење во општеството, ќе се обрати извршниот директор на ЗНМ Драган Секуловски.