Онлајн креативна работилница за млади „Ја менуваме околината, го менуваме светот“

Од „Чудна шума“ велат дека минатата година си поминале супер, па решија и годинава да продолжат со креативните работилници по креативно пишување и ликовна уметност за млади – „Ја менуваме околината, го менуваме светот“.

Овој пат, за жал, велат тие, ќе се работи онлајн, но ветуваат дека ќе биде подеднакво забавно и корисно.

Работилниците се бесплатни и ќе се одржуваат преку ЗУМ. Термините за работилниците се секоја среда, од 21 октомври до 18 ноември, од 18:30 часот.

Возраст на учесниците: од 14 до 18 години.