Огромна санта мраз се отцепи во близина на британската станица на Антарктикот

Голема санта мраз блиску до британската истражувачка станица „Хали“ се одвои од гребенот Брунт на Антарктикот во неделата.

Расцепот на ледениот брег со површина од речиси 1550 километри квадратни го потврдија сензорите што се наоѓаат на ледениот гребен Брунт. Во моментов во станицата има 21 вработени кои ќе останат таму и ќе продолжат со работа до почетокот на следниот месец кога им доаѓа замена.

Стручни лица ќе ги испитуваат сателитските снимки кога ќе бидат достапни. Тие сакаат да се уверат дека во иднина нема да се случат неочекувани нестабилности на ледената површина на која се наоѓа истражувачката станица.

Претходно во февруари 2021 година брег со слична големина, познат како „A74“ се отцепи на истокот. Тогаш се претпоставуваше дека ваквото отцепување ќе биде последно, но за ваквите настани не може да има сигурно предвидување.

Според експертите ова отцепување не е резултат на климатските промени, туку е сосем природен процес. Ледената полица сака да одржува рамнотежа, а исфрлувањето на брегови е еден од начините на кој се балансира акумулацијата на снежни врнежи и внесување на мраз од глечерите кои на копното. За разлика од Антарктичкиот полуостров на другата страна на Веделовото Море, научниците досега во пределот на гребенот Брунт не откриле знаци на климатски промени.