Одбројувањето за Нова година ќе трае една секунда подолго

Одбројувањето до 2017 година ќе трае подолго од вообичаено поради забавувањето на ротацијата на Земјата, односно тоа ќе трае дополнително една секунда.

Националната физичка лабораторија ќе ја воведе „Престапната секунда”, по 23.59: 59 часот на 31 декември.

Како резултат на тоа, часовниците наместо 00:00:00, всушност, ќе го прикажат времето од 23:59:60 – со тоа што за една секунда ќе се одложи полноќ.

Тоа ќе биде 27-ми пат кога НФЛ ја искористила оваа секунда за да се осигура дека времето базирано на ротацијата на Земјата нема да заостанува со времето на атомските часовници.

Дполнителните секунди понекогаш се неопходни поради непредвидените промени во брзината со која Земјата се врти околу својата оска.

Вообичаено, тие се додаваат на секои две или три години, а последната беше вметната пред само 18 месеци, во јуни 2015 година.