Од 12 јули вакцинација против Ковид-19 и без закажан термин, соопштија од МЗ

Почнувајќи од 12 јули, секој граѓанин без разлика дали се пријавил или не на веб-страницата vakcinacija.mk ќе може да се вакцинира против коронавирусот, информираа денеска од Министерството за здравство (МЗ).

Оттаму посочуваат дека паралелно со вакцинацијата на граѓаните без закажан термин, ќе се одвива и вакцинацијата на граѓаните кои се пријавиле на веб-страницата на министерството.

Инаку, досега преку веб-страницата интерес за вакцинација искажале над 484 илјади лица, додека бројот на вакцинирани изнесува над 358 илјади луѓе.

Вкупниот број на лица дијагностицирани со Ковид-19 од почетокот на епидемијата во земјава изнесува 155.710 лица, 150.073 лица оздравеле, а починале 5.486 луѓе. Бројот на активни случаи заклучно со вчера изнесува 151.