Нов Зеланд преку референдум изгласа легализирање на еутаназија

Граѓаните на Нов Зеланд изгласаа да се легализира еутаназијата за оние кои се борат со тешка болест, со што победа земаа оние кои сметаа дела луѓето кои страдаат од екстремна болка треба да имаат избор дали сакаат да му стават крај на животот.

Одлуката дали да се легализира еутаназијата се случи откако на 17 октомври граѓаните гласаа на референдум.

Легалната еутаназија ќе стапи на сила 12 месеци од финалниот резултат, односно на 6 ноември 2021 година. Асистираното умирање ќе биде спроводливо преку Министерството за здравство.
Моменталните резултати кои беа објавени денес покажуваат дека 65.2 отсто од граѓаните гласале „за“ еутаназија, додека 33.8 отсто гласале „против“.

Сепак, досегашните резултати од референдумот не ги вклучуваат останатите пола милион гласови, па финалните резултати нема да бидат објавени до 6 ноември.

Поддршката за еутаназијита низ годините секогаш била силна во Нов Зеланд, котирајќи со високи 60-70 отсто на јавните анкети, но и со поддршка од политичарите од најразличен политички спектрум – од премиерката Јасинда Ардерн, па се’ до опозициската лидерка Џудит Колинс.

Ваквата законска одлука ја прави Нов Зеланд седмата држава во светот која има легализирано умирање со асистенција.

„Еден ден нашите граѓани ќе се чудат како основното човеково право да се каже „не“ на нетолерантно страдање било дебатирано во земјава. Сега поради гласањето на овој Акт, животите, исто како и смртта, ќе бидат подобри“, истакнала една од активистките по тематиката, Мери Панко.

Мет Викерс е вдовец на Лекреша Силс, која починала од мозочен тумор во 2015 година, а била на самиот фронт за легализација на еутаназијата.

„Се чуствувам полесно, и чувствувам благодарност што граѓаните гласаа за овој закон, давајќи им на тешко заболените право да починат по нив избор“, изјавил тој.

Изгласаниот Акт има одредено критериуми за кои лица можат да го употребат правото на смрт, вклучувајќи тие да се полнолетни, да се жители на Нов Зеланд, да се борат со терминална болест од која би починале во наредните шест месеци, лица кои не се способни за физичка активност и се подложни на неиздржливо страдање кое не може да биде олеснето.
Сите лица кои влегуваат во овие критериуми се во позиција да направат „информирана одлука“ за нивната смрт.

Лицата кои се борат со ментални заболувања не влегуваат во поставените законски рамки, како и оние кои имаат доживеано длабока старост и/или имаат некаков инвалидитет. Два доктори, од кој едниот независен, ќе треба да ја потпишат одлуката за еутаназија, а во процесот ќе учествува и психолог кој ќе биде поддршка на лекарската одлука.

 

Извор: Guardian