#НизТвојотОбјектив – Циклус фотографии од Алт

Овонеделниот избор за рубриката #НизТвојотОбјектив се фотките на Алт кој вели дека „окото треба да научи да слуша пред да изгледа“.

„Како аматер фотограф, секогаш се трудам да го замрзнам најважниот момент што го гледам со мојот фотоапарат и се обидувам да го доловам во момент кој може да трае вечно“, забележува Алт.

Фотографиите се направени со фотоапарат Canon eos 2000D/ 50mm/ 18-55mm.

Радио МОФ започна со рубриката #НизТвојотОбјектив со цел да отвори можност за изразување, промовирање и поврзување на фотографи. Секој четврток објавуваме фотографија или фотографии од еден автор.

Сите заинтересирани за објавување, своите фотографии може да ни ги пратат на info@radiomof.mk, заедно со кратка биографија и кусо објаснување за контекстот на фотографијата. Фотографиите треба да опфаќаат различни општествени теми како екологија, дискриминација, цензура, млади, маргинализација, корупција, незадоволство и секојдневното живеење.