#НизТвојотОбјектив – Избор фотографии од Тамара Прелоговска

Овој пат во нашата фото-рубрика ви го претставуваме објективот на Тамара Прелоговска.

„Летово чепкајќи низ шкафовите по дома, наидов на стар аналоген фото-апарат, па решив во тоа да се испробам. Најмногу сакам да фотографирам непознати личности, без местење, позирање, без да знаат дека се мета на објективот. Не сакам да ги доловувам негативните сцени од секојдневието. Од нив и да сакаме, не можеме да избегаме. Се обидувам да ги одбегнам ликовите на луѓето, а кога тоа не е возможно им пристапувам и барам нивна дозвола за фотографирање. Таквите интеракции и од нивна страна позитивни реакции секогаш ме радуваат“, вели таа.

 „Целиот процес до добивање на развиениените фотографии е несомнено повозбудлив од она „чкрапање“ со телефон (тоа не значи дека не ја искористувам можноста за брзо и лесно добивање на милион кадри со телефон). Многу често не ни знам што да очеувам од филмот којшто чекам да биде развиен. Секој пат кога ќе го ставам USB-то во компјутер е ново изненадување“, раскажува Прелоговска.

Радио МОФ започна со рубриката #НизТвојотОбјектив со цел да отвори можност за изразување, промовирање и поврзување на фотографи. Секој четврток објавуваме фотографија или фотографии од еден автор.

Сите заинтересирани за објавување, своите фотографии може да ни ги пратат на info@radiomof.mk, заедно со кратка биографија и кусо објаснување за контекстот на фотографијата. Фотографиите треба да опфаќаат различни општествени теми како екологија, дискриминација, цензура, млади, маргинализација, корупција, незадоволство и секојдневното живеење.