#НизТвојотОбјектив – „Ова не е крај на светот“ од Ива Дамјановски

Денес во рубриката #НизТвојотОбјектив ви го претставуваме сетот фотографии со наслов „Ова не е крај на светот“ од Ива Дамјановски.

„Циклусот е посветен на дишењето и воздушното загадување. Сите фотографии се направени во изминатиот месец со Nikon D3300 и воопшто не се едитирани“, вели Дамјановски.

Радио МОФ започна со рубриката #НизТвојотОбјектив со цел да отвори можност за изразување, промовирање и поврзување на фотографи. Секој четврток објавуваме фотографија или фотографии од еден автор.

Сите заинтересирани за објавување, своите фотографии може да ни ги пратат на info@radiomof.mk, заедно со кратка биографија и кусо објаснување за контекстот на фотографијата. Фотографиите треба да опфаќаат различни општествени теми како екологија, дискриминација, цензура, млади, маргинализација, корупција, незадоволство и секојдневното живеење.