#НизТвојотОбјектив – избор фотографии од Димитар Штериов

Овој пат во нашата фото-рубрика ви претставуваме избор фотографии од Димитар Штериов.

„Фотографирањето ми претставува хоби и преку фотографиите сакам да доловам интересни моменти од местата кои што сум ги посетил“, вели Штериов.

Радио МОФ започна со рубриката #НизТвојотОбјектив со цел да отвори можност за изразување, промовирање и поврзување на фотографи. Секој четврток објавуваме фотографија или фотографии од еден автор.

Сите заинтересирани за објавување, своите фотографии може да ни ги пратат на info@radiomof.mk, заедно со кратка биографија и кусо објаснување за контекстот на фотографијата. Фотографиите треба да опфаќаат различни општествени теми како екологија, дискриминација, цензура, млади, маргинализација, корупција, незадоволство и секојдневното живеење.