Недела ќе биде неработен ден за сите билетарници на ЈСП

Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) – Скопје информира дека од  претстојниов викенд, недела ќе биде неработен ден за сите билетарници, односно нема да има дежурни продажни места на ЈСП Скопје.

„Во недела, како и досега, корисниците на јавниот превоз ќе можат да вршат надополнување на електронски картички „Скопска“ во некое од речиси 100 продажни места од секундарната дистрибутивна продажна мрежа на ЈСП Скопје (маркети и трафики)“, соопштува претпријатието.

Прегледот на локациите од дистрибутивната мрежа е достапен на Фејсбук-страницата на ЈСП Скопје : www.facebook.com/jspskopjee