Научниците потврдија дека на Месечината има вода

Научниците ги добија досега најубедливите докази за постоењето на вода на Месечината која е релативно достапна. Досега се претпоставуваше дека површината на Месечината е сува, сѐ додека во 1990 вселенското летало кое орбитираше околу Месечината не пронајде индикации за  мраз во големите и недостапни кратери близу до половите на Месечината.

Во 2009 година, индиските вселенски летала документираа места каде водата се рефлектираше од површината на месечината. Но дури ни тогаш не можеше да се утврди дали станува збор за вода во течна состојба или минерали.

Но вчера, Вселенскиот центар на НАСА во Мериленд детектираше хемиски состав на H2O преку мерење на должината на сончевите бранови кои се рефлектираат од површината на месечината. Ваквите податоци беа собрани од страна на Обсерваторијата за инфраред астрономија, со користење на адаптиран авион „Боинг“ 747 на кој е прицврстен рефлектирачки телескоп од 2.7 метри.

Водата е откриена на високите предели на Јужниот пол на Месечината.

„Има големо количество. Станува збор за онолку вода колку што е растворена во лавата која излегува од средината на океаните, што може да се собере и да се направи во питка вода под соодветни услови на температура и притисок“, изјавил Манеш Ананд, професор по планетарна наука на Универзитетот „Милтон Кајнс“.

Постоењето на водата има импликации врз идните лунарни мисии бидејќи таа ќе може да се обработи и пие, да се употребуза за ракети, а кислородот во нејзиниот состав да се искористи за дишење.

 

„Водата е луксуз во вселената“, додал Ананд.

Сепак, собирањето на водата од високите кратери каде температурата ретко е поголема од -230 степени ќе биде тежок потфат.

„Испадна дека постојат големи количества на вода во овие делови, кои се потенцијално многу големи и пристапни бидејќи се на сончеви места“, изјавил Ијан Крафорд, професор по планетарна наука и астробиолофија на Универзитетот во Лондон.

Сепак, некои прашања остануваат неодговорени. Едно од нив е формата во која се наоѓа водата.

„Една од можностите е таа да е „прелиена“ во лунарно стакло создадено од метеорите, со што се отвора прашањето како таа стигнала таму. Алтернативното објаснување е дека мали кристали на мраз биле дистрибуирани помеѓу зрнцињата од лунарната почва“, додал Ананд.

Едно од останатите прашања е колку се длабоки овие водни површини.

Единствен начин овие прашања да бидат одговорни е да се отиде на Месечината и да се започнат откопувања. НАСА преку својата мисија „Артемис“ планира да прати на месечината маж и жена до 2024 година. Британските научници создаваат роботска бушалица со која ќе можат да земат примероци од почвата на месечината длабоки еден метар, како дел од руска мисија планирана за 2025 година.

 

Извор: Guardian