Настап на уметнички ансамбл од Кина во МКЦ

Институтот „Конфуциј“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје е домаќин на Уметничкиот ансамбл од Југоцентралниот Универзитет на Националностите од Хубеј, НР Кина.

Првиот настап ќе се одржи вечерва (11 ноември), со почеток во 20,00 часот во Салата 25 Мај во МКЦ и утре (12 ноември) со почеток во 20,00 часот во City Hall Center (до МКЦ) .

Ансамблот ќе настапи со песни и танци од најразличните делови на НР Кина.

Влезот е бесплатен.