НАСА најде сончев систем со 8 планети како нашиот

Сончев систем со исто толку планети како нашиот се откриени со помош на телескопот Кеплер на НАСА и вештачка интелигенција,.

„Сега нашиот соларен систем е врзан за повеќето планети околу една ѕвезда“, велат од НАСА.

Сепак, ниту една планета не се очекува да е погодна за живот.

Системот со осум планети, најголемиот познат надвор од нашиот, орбитира околу ѕвездата наречена Кеплер 90 оддалечена на 2.545 светлосни години.

„Ѕвездениот систем Кеплер-90 е како мини-верзија на нашиот сончев систем“, рече Ендру Вандербург, астроном на Универзитетот на Тексас во Остин.

„Има мали планети внатре и големи планети надвор, но сѐ испреплетени многу поблиску“.

Ново идентификуваната планета, Кеплер-90, е карпеста планета како Земјата, но орбитира околу својата ѕвезда еднаш на секои 14,4 дена, што значи дека цела година таму е исто како две недели на Земјата.

„Кеплер-90и не е место што би сакал да го посетам“ рече Вандербург.

„Неговата површина е веројатно премногу жешка“.

НАСА ја пресмета неговата просечна температура на околу 426 Целзиусови степени – жешко колку Меркур, најблиската планета до Сонцето.

Научниците го пронајдоа со користење на машинско учење од Гугл.

Процесот вклучуваше компјутерот да научи да ја скенира ризницата од 35.000 можни планетарни сигнали собрани од вселенскиот телескоп на НАСА Кеплер во потрагата по знаци на планетарни транзити.

Транзитите се затемнување на светлината кога планетите минуваат пред ѕвезда.

Космичкиот телескоп Кеплер е лансиран во 2009 година, и скенирал околу 150.000 ѕвезди.