Најстарото дрво на светот е утврдено дека има 9 500 години и е пронајдено во Шведска. Дрвото е наречено „Оld Tjikko“од видот норвешка смрека. Било откриено од професорот Leif Kullman кој ја пресметал неговата старост.
„За време на леденото доба, нивото на морето било 120 метри пониско од денешното и голем дел од она што сега се водите на Северното Море меѓу Англија и Норвешка, некогаш било шума,“ вели професорот за локалните медиуми.
„Ветровите и ниските температури направија „Оld Tjikko“да личи на бонсаи. Големите дрвја не може да доживеат толкава старост“, додава професорот.