Најдобрите видео игри за 2016 според Independent

Британскиот онлајн весник Independent направи листа од најдобрите видео игри објавени во изминатата година. Ова се десетте најдобри видео игри, од Gears of War 2, до Uncharted 4: A Theif’s End.

  1. Gears of War 4

Во текот на 2016 година, Xbox One континуирано заостануваше зад своите конкуренти во производството на игри за конзола. Сепак, немаше сомнеж дека Мајкрософт ќе произведе добро продолжение на Gears of War. Gears 4 докажа дека Xbox One има неверојатни графички способности, додавајќи и феноменални дополнувања на серијалот.

  1. Deus Ex: Mankind Divided

Иако многу студија ветуваат вистински светови во кои на играчите им се доверува огромен степен на слобода, малку од нив навистина го исполнуваат тоа. Сепак, Square Enix успеја да создаде игра во која никогаш нема да се почувстувате принудени на одредена патека, игра во која играте како што сакате. Прикрадувањето, хакирањето и борењето низ овој дистописки свет никогаш не било позабавно, а деталната приказна и естетиката инспирирана од сајберпанк уметноста го прават искуството навистина оригинално.

  1. INSIDE

Следејќи го успехот на Limbo, Playdead успеа да направи огромен успех со Inside, уште едно мрачно искуство. Играте како безимено момче, кое трча низ безброј пречли и бега од канџите на чувари-убијци. Речиси тивката игра и морничавите суштества ветуваат незаборавно искуство, „исечено од ист материјал“ како и претходно споменатата Limbo.

  1. Overwatch

Blizzard отсекогаш имале посебна дарба за онлајн игри со повеќе играчи, но никој не знаеше колку брилијантна ќе биде оваа шарена игра. Overwatch го спротивствавува вашиот тим составен од бизарни суштества против други тимови во голем број модови, од кои сите се борат само во име на борбата. Уникатно искуство со повеќе играчи кое го надмина и Call of Duty.

  1. Dishonoured 2

Пваа игра е достојна на првиот дел, а им овозможува на играчите да користат било која комбинација од прикрадување или напад за да навигираат низ намислените цели. Со многу повеќе избори и слобода во продолжението, отколку во оригиналот, навистина изгледа како светот на Dishonoured да ни е на дланка.

  1. The Last Guardian

И покрај техничките маани, има нешто навистина посебно во продолжението на Shadow of the Colossus. Двајцата придружници на играчот можеби сакаат различни нешта, што доведува до лоша комуникација меѓу нив, но има нешто многу подлабоко од сродноста: како набљудувач, не можете да спречите да се заљубите во нивната приказна. Една од најдобрите игри која толку многу го вклучува играчот.

  1. The Witness

Играта на Џонатан Блоу инспирирана од Myst има едноставна премиса – најдете една од квадратните мрежи на играта, и следете ја линијата од еден агол на друг. Иако пастелната околина на The Witness суптилно алудира на поголеми прашања за креаторите и создадените реалности, вистинскиот триумф на играта е фокусот на проширениот, исклучително прекрасен логички тест.

  1. Battlefield 1

Од објавувањето на Call of Duty 4, серијалот Battlefield остана еден чекор зад својот ривал. Тоа се промени со објавувањето на Battlefield 1, поставена во Втората светска војна. Се работи за неверојатно добро склопена игра во прво лице, која испраќа значајна порака преку шест кратки, но брилијантни кампањи. Од нив, секоја раскажува различни искуства на војниците низ светот.

  1. Firewatch

Премисата на Firewatch се чини релативно здодевна: играте како изолиран човек кој чува шума, грижејќи се да не се запали, а контактирате само со жена-чувар на друга шума преку радио. Сепак, она што доаѓа е петчасовно патување низ теми како депресија, деменција и осаменост. Откривањето на заплетот ќе ја уништи прекрасната приказна која ја содржи ова феноменално уметничко дело. Firewatch не е толку многу игра, колку што е брилијантен роман – мистерија, а ве остава со искрени и провоцирачки прашања.

  1. Uncharted 4: A Thief’s End

Uncharted 4 не е толку игра, колку што е филмско искуство: радо би гледале како пријател ја игра целата игра, и би уживале во секој момент. Она што ја прави авантурата на Нејтан Дрејк најдобрата игра на годината, не е само неверојатната графика и спектакуларниот тек на играта, туку и феноменалната приказна и сценарио. Фокусирајќи се на двајца браќа, Uncharted 4 ги истражува подемите и падовите на нивната врска на реалистичен начин, неспоредлива со другите блокбастери (освен можеби онаа меѓу Ели и Џоел во The Last of Us).