Музичко-сценски перформанс „Улица“ на 20 декември во НОБ

„Улица” е музичко-сценски перформанс инспириран според мотивите на повеста „Улица“ од Славко Јаневски, кој ќе се одржи на 20 ноември од 20 часот во Национална опера и балет (НОБ).

„Оваа уметничка креација е мултимедијално толкување на творештвото на Славко Јаневски и негово толкување во денешнината. Видео 3д мапинг сторијата е илустрирана и превземена од истоимениот стрип на Матеј Богдановски “Улица” кој воедно е и сценарист“, стои во најавата за перформансот.

Во музичкиот дел свој придонес дава Џијан Емин, кој од селекција на неколку вонвременски песни на Славко Јаневски создава сосема поинаков пристап и кохезија помеѓу книжевната поезија и музичките стилови.

„Публиката ќе има единствена можност да проникне во уметничкиот свет на Славко Јаневски, толкуван од новата генерација на домашни уметници“, се вели во најавата.

Перформаност е во режија на Филип Херин, по сценарио на Матеј Богдановски, а актери се Златко Митрески и Петар Стојанов.

Освен Џијан Емин на вокал, гитара и клавијатури, во бендот се и Драган Гиновски – гитара, Георги Шарески- гитара, Дарко Мучев – бас гитара и Гоце Стевковски – тапани. Дополнително ќе ги придружува хор од осум членови.

„Улица“ е поддржан од Министерство за култура.