„Mи треба мојот простор” – Тетовски активисти побараа велосипедски патеки

Група активисти од инивијативата „Арт Тетово“ преку поставување инсталација на кејот на реката Пена го изрази својот револт поради недостатокот на велосипедски патеки во градот под Шар Планина.

„Велосипедот е најдобро превозно средство, но истовремено е и ризично особено кога во градот нема велосипедска патека. Таков е и градот на Тетово“, велат од иницијативата.

Акцијата на групата активисти е наречена „Ми треба мојот простор“.

Ова е последна од акциите кои во континуитет ги прават „Арт Тетово“. Предходно тие организираа акција во која ги цртаа уличните дупки низ градот за да го свртат вниманието на надлежните на овој проблем, а преку „волшебен тепих“ алармираа и за тешкотиите со кои се соочуваат лицата со попреченост при нивниот физички пристап до градските институции.