Масовен протест во Белград за поништување на изборите, полицијата употреби солзавец врз демонстрантите

Илјадници граѓани синоќа протестираа во Белград со барање да се поништат локалните избори во главниот град на Србија, а дел од граѓаните се обидоа да упаднат во Градското собрание но беа одбиени од полицијата.

Меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ соопшти дека владејачката Српска напредна странка имала нефер предност на изборите поради пристрасност на медиумите, несоодветно влијание од страна на претседателот Александар Вучиќ и изборни нерегуларности, како купување гласови.

Претседателот Вучиќ пак смета дека овие тврдења се лаги кои ги промовира српската политичка опозиција, а истовремено посочи дека протестите се поттикнати од странски држави. Тој демонстрантите кои протестираа пред градското собрание ги нарече „силеџии“ кои се обиделе да ја дестабилизираат државата.