[Видео] Протести низ САД поради млади лица убиени од полицијата

Стотици демонстранти ноќеска се собраа пред полициската станица во Минеаполис по убиството врз 20-годишен сограѓанин црнец од страна на полицаец кој бил белец.

На протестот биле фрлани бакли, а имало и обид да се сруши заштитната ограда околу објектот. Полицијата пак одговорила со солзавци, гумени куршуми и шок бомби што дополнително ги разлутило организаторите на протестите.

Во друг случај кој предизвика револт, на социјалните мрежи се појави видео на полицаец од Чикаго кој смртно ранил 13 годишно момче. На видеото се гледа како полицаецот пука во младиот Адам Толедо додека момчето е со раце подигнати во височина. Според полицијата, Толедо имал пиштол.

Овој инцидент поттикна илјадници граѓани да се соберат вчера во паркот на северозападниот дел од Чикаго, а дел од присутните држеа транспаренти на кои пишувало „Престанете да убивате деца“.